Таа е избрана за најатрактивна жена на | Trendseteri
Menu

Таа е избрана за најатрактивна жена на светот

Екс Мис универзум и една од најпопуларните дами на инстаграм


Оливија Кулпо и официјаелно е избрана за најатрактивна жена на светот.
 
Таа ги извести своите 4,1 милиони следбеници на инстаграм дека магазинот Максим ја ставил прва на листа, како најубава жена.
По повод оваа ласкава титула, Оливија изјави:„ Секогаш на оваа листа на 100 најубави жени во светот гледав со почитување. Многу паметни и успешни жени кои го добија претходно ова признание ме инспирираа во кариерата, заради што оваа награда за мене има уште поголемо значење.“
 
Оливија Кулпо својата кариера како модел ја започна во 2010 година, кога имала 18 години. Веќе во 2012 година триумфираше на Мис САД и Мис Универзум. По тоа продолжи да се бави со професионално моделирање и да го гради своето присуство на социјалните мрежи.
 
Благодарение на својата популарност на инстаграм, Оливија стана заштитно лице на брендовите Лореал и Киплинг.
 
Магазинот Максим, ја објавува својата листа на 100 најубави жени на светот секоја година од 2000та година. Пред Оливија Кулпо, на чело на тие листи се најдоа Џесика Алба, Хејли Болдвин, Тејлор Свифт, Кејт Аптон и многу други.