Оделото е водечки тренд оваа пролет! | Trendseteri
Menu

Оделото е водечки тренд оваа пролет!

Овој тренд и понатаму ги освојува девојките

 

Оделото е едно од најпопуларните трендови овие денови и несомнено ќе биде хит во целата пролет која претстои. Тоа го докажаа трендсетерките во модната недела во Милано.

Оделата се наметнаа како едни од најпосакуваните парчиња за пролет, а фотографиите од уличната мода во Милано само го потврдуваат тоа. Ќе бидат хит и неутралните и впечатливите бои.

Акцентот најмногу се става на предимензионираните блејзери, но и панталони со широки ногавици, додека некои трендсетерки сепак се одлучија за потесни кроеви.