Одело + патики: Како да ги комбинирате? | Trendseteri
Menu

Одело + патики: Како да ги комбинирате?

Стилски комбинации на одело и патики

 

Најчесто оделото го одбирате со елегантни високи потпетици, дали се тоа свечени бизнис пригоди, или едноставно самото работно место или стилот ви наложува да ги носите.

Сигурно сте се запрашале дали постои начин да се чувствувате удобни, а во исто време да изгледате официјално, елегантно и стилски, бидејќи така ви наложува работата нели?

Одело и патики. Доколку мислите дека е невозможно овие работи да се комбинираат и да го направат вистинскиот ефект, се лажете. Тие се се совршениот избор.

Но запомнете – патиките мора да бидат во минималистички стил, во една боја. Тие не смеат да го остават оделото во втор план. Во продолжение ќе ви претставиме неколку предлози кои специјално ги одбравме за вас. Бидете доволно храбри и уживајте во удобноста.