Одберете го вашиот стил во ноември | Trendseteri
Menu

Одберете го вашиот стил во ноември

Трикови со кои ќе го „зачините“ вашиот есенски стил во текот на ноември

 

Иако есента се карактеризира како студено и дождливо време, тоа никако не е причина за да не изгледате стилизирано и модерно додека шетате по улиците или додека одите на работа. За да бидете привлечни и модерни познато ви е дека едноставно морате да заборавите на удобната облека и обувки, да престанете да размислувате за тоа дека ви е важно само да не ви биде студено или претопло и да се облекувате соодветно со временските прилики. Модата бара жртва и труд, па така есенската гардероба мора да се прилагодува на новите трендови и да се „зачинува“ на нови и уникатни начини. Па, еве неколку инспиративни идеи со кои ќе можете да го освежите вашиот стил уште сега.

Карирано повторно Ин

Бели панталони со висок струк


Белите панталони во комбинација со шарена ролка ќе направат да изгледате шик во текот на октомври и ќе ја „скршат“ есенската монотонија и правилото дека во текот на есента треба да се носи облека во потемни бои. Секако, избегнете ги белите панталони доколку во текот на тој ден се очекуваат врнежи дожд, а причината за тоа не треба воопшто да ја објаснуваме. За да ја подигнете целата комбинација на повисоко ниво, „зачинете“ ја со очила за сонце со рамки во впечатливи бои.

Аксесоари во боја


Доколку сакате ненападна облека и неутрални бои, тогаш вашиот стил ќе „оживее“ ако се одлучите за чанта во некоја впечатлива боја или чизми со змиски дезен. Дури и во заедничка комбинација делуваат доста добро и инспиративно.

Облека со принт


Облеката не влијае само на самодовербата, туку и на расположението. Затоа во текот на овој октомври изберете облека со цветен дезен и со необичен принт и сето тоа облечете го заедно. Иако можеби се сомневате како ќе изгледа сето тоа, кога ќе ја погледнете фотографијата ќе видите дека таквиот стил можеби е необичен, но секако шик и пријатен за око.

Чизми во некоја впечатлива боја


За да изгледате како од модна писта, наш предлог е да го комбинирате здолништето или фустанот во пристојни бои со чизми во некоја впечатлива боја, како што е на пример виолетовата, црвената или жолтата.

Кардиган наместо кошула


Ние се заљубивме во оваа несекојдневна модна комбинација. Бидејќи кардиганите ќе бидат вистински есенски хит, ние ви предлагаме еден смел начин за негово комбинирање.

Долги ракави наместо јакнa


Сѐ уште мислите дека е рано за да облечете подолга јакна и едноставно ви пречи да ја носите во раце во текот на целиот ден? Решението е под фустанот со кратки ракави да облечете блуза со долги ракави и ќе ви биде доволно топло и удобно во текот на целиот ден.

Крзнена јакна


Иако звучи како гламурозно парче облека, крзното всушност може одлично да се комбинира со фармерки доколку сакате да постигнете опуштен, а ефективен изглед. Се разбира, крзното да биде вештачко!