Од семејно реалити шоу до политичка кариера | Trendseteri
Menu

Од семејно реалити шоу до политичка кариера

Како Ким Кардашијан одбележа едно десетолетие?

 

Иако многумина не сакаат да признаат и нема да се сложат, едно од највлијателните имиња во ова десетолетие е Ким Кардашијан Вест. Таа се прославува најпрвин со емисијата “Keeping Up With the Kardashians” каде заедно со своето семејство за прв пат ги пласираа темите како трансродност и ментално здравје.

Ким Кардашијан минатиот месец наполни 39 години, а позади себе има изградено едно цело царство за какво многумина кои ја осудуваат можат само да сонуваат. Го изгради заедно со своето семејство продавајќи некои од вредностите кои ние радо би ги задржале само за себе, но нејзи и послужија како отскочна даска во животот. Денес претставува една од највлијателните личности во светот на убавината, која почна и со производство на сопствена линија облека, и продажба на начинот на живот кој денес го води.

Кога наполнила 30 години, носела нискобуџетни чевли, косата секогаш ја чувала распуштена и несредена и најмногу се посветувала на нејзините сестри Кортни и Клои Кардашијан. Кога во 2013 година го запознава сопругот Канје Вест, започнува нова ера за неа, почнува да се менува со донесување на нови одлуки и животни промени и  влегува во светот на гламурот.

И додека многу луѓе од светот сеуште и се потсмеваат на нејзините успеси, Ким е многу горда на себе си. Да се потсетиме во 2010 година кога на пазарот излезе нејзиниот прв парфем, беше брутално нападната на социјалните мрежи. Сето тоа зеде замав, па каде и да се појавеше Ким, се појавуваа огромен број нејзини фанови, со што се зголемуваше нејзината популарност и влијание. И секако, спонзорите се тука. Тогаш таа станува свесна за нејзината моќ.

Иако во голем дел од нејзината кариера се појавуваше во голи провокативни изданија, денес смета дека такво нешто веќе не би направила повторно, најмногу поради своите деца.

Како што открива Ким, најголема подршка во сите овие години има од нејзиниот сопруг Канје Вест. Клуч на нивната среќа е нивното меѓусебно разбирање.

Ким неодамна заплива и во политичките води, криминалното право, со што сака сега да се занимава, а се запиша и на студии за право. Сака да се занимава со проблемот на смртната казна која постои во Америка, а на тоа ја натерал еден специфичен случај на кој случајно налетела на твитер. Кажува дека пред десет години не можела ни да замисли дека ќе има влијание на американската политика.

Зошто Ким Кардашијан е една од најзначајните личности во денешницата?

 

Можеби фактот што целиот свет константно ја следи каде и да се појави, што и да прави, но и покрај сите напади и осуди, таа е успешна во сé што работи. Дали ви се допаѓа тоа или не, едно е сосема сигурно, за Ким Кардашијан светот ќе зборува уште многу десетолетија.