Од обична фризура за секој ден до врвна елеганција | Trendseteri
Menu

Од обична фризура за секој ден до врвна елеганција

Како да ја носите заврзана косата и да изгледате совршено


Фатена коса во опавче веднаш асоцира на теретана или неформална прошетка, но Никол Кидман, Кејт Бланшет и Блејк Лајвли покажаа дека оваа едноставна фризура можеме да ја носиме во сите пригоди и при тоа да сме спремни дури и за црвениот тепих.
 
 Ова се советите од нивните стилисти за коса која изгледа совршено.
 
„За мазно опавче, прво треба косата да се исфенира во правец во кој сакате да ја чешлате. Потоа нанесете пена за коса за да ви остане подолго фризурата на место. Откако ќе ја заврзете со ластиче  можете да ја поминете со пегла за коса или да ја навиткате со фигаро.“
„Ако сакате малку разбушавена коса, за „див“ изглед, нанесете препарат за дополнителен волумен, а косата сушете ја со фен, држејќи ја главата надоле. Никако да не ја четкате косата, туку само со рака прочешлајте ја и заврзете ја со ластиче.“
Сигурни сме дека сакате косата да ја врзувате во опавче во слободното време, затоа ви предложуваме тоа да го направите и кога ќе излегувате формално или за свечена прилика. За тие моменти одберете убави шноли и ластичиња, како вашата фризура би изгледала совршено елегантно.

Photos: Profimedia