Од досаден до феноменален стајлинг | Trendseteri
Menu

Од досаден до феноменален стајлинг

Овие парчиња ќе ја разбијат зимската монотонија за миг

 

Да се биде тренди во студените зимски денови е навистина предизвик. Оваа сезона станаа актуелни голем број на трендови, па што се однесува до модата оваа зима е навистина интересна.

На располагање имаме голем избор и секоја дама може да пронајде нешто што ќе и се допадне. Оваа година во тренд се шарените впечатливи бои, што вообичаено се ин во лето.

Монтка – модел кој наликува на монтка – подуена, голема и топла

Овој модел е актуелен оваа сезона. Со обзир на тоа дека можат да се најдат во најразлични бои, на вас е да ја изберете онаа која најмногу ви се допаѓа. Во текот на зимата, јакните ги носиме секој ден, така да вреди да се инвестира во тоа.

Кожни хеланки

Хеланките се најудобното парче облека кое е некогаш направено и омилен кај многу дами. За да не биде досаден стајлингот, изберете кожен модел или можете да експериментирате со модел во боја или сјајна – металик.

Чизми со принт

Овие модели на чизми дефинитивно ја освоија модната сцена. Со нив добриот стајлинг е загарантиран.

Мини чанта во боја

Секоја жена мора да има добра чанта. Мини моделите се во тренд, посебно оние со впечатлива боја. Тоа е полн погодок.

Впечатлив џемпер

Ништо нема да ве згрее повеќе од плетените џемпери. Изберете впечатлива боја и внесете свежина во мрачните зимски денови.