Прилагодете го работниот стајлинг во вечерен аутфит | Trendseteri
Menu

Прилагодете го работниот стајлинг во вечерен аутфит

Од бизнис стајлинг до вечерен аутфит

 

Дали ви се случува да имате ден преполн со работни задачи, а после тоа прослава или вечера во ресторан?  За да не мора да носите дополнителна комбинација, за вас имаме одличен стилски трик кој за миг ќе ја трансформира работната комбинација во вечерен стајлинг.

Црното одело е класика која никогаш нема да излезе од мода. Вистинска доза на елеганција и гламур. Добриот крој на одело ќе направи во него секоја фигура да изгледа одлично.

За работниот дел од денот облечете испод оделото класична црна или бела маица а за вечер само заменете ја маицата со некоја малку попровокативна како на сликата, додадете црни салонки и за миг ќе добиете аутфит кој ќе ги привлече сите погледи.