Очилата ве прават поатрактивни | Trendseteri
Menu

Очилата ве прават поатрактивни

Совети за девојките кои носат очила

 

Очилата со диоптер имаат моќ комплетно да го променат вашиот изглед, затоа многу е важно да ги изберете најдобрите за вас. Со вистинскиот избор на накит, навистина можете да изгледате секси, шармантни и полни со самодоверба.

Без разлика дали веќе ги имате на себе или неодамна сте дознале дека морате да ги носите, не очајувајте – тие можат да бидат вистинска придобивка кога е во прашање вашиот изглед. Во последно време тие се неизоставен моден додаток дури и на оние кои немаат никаков проблем со видот. Ги има во разни бои, модели и величини, па кога тие можат гордо да ги носат на себе, зошто да не и вие?

Искомбинирајте ги со накит кој совршено се вклопува со нив и ќе бидете изненадени од вашиот сексепил.

Вашите очи ќе бидат таинствени

Понекогаш е потребен само поглед за да започне разговор или можеби флерт со тој, згодниот колега од работа. Кога носите очила и рамката одговара со вашата линија, вашите очи стануваат потаинствени, а вие полни со самодоверба. Зарем постои нешто попривлечно од девојка која се чувствува сигурно во својот свет и очи кои е потешко да бидат прочитани? 

Делувате интелегентно

Дали знаете дека, според светски истражувања, кај интелегентните луѓе постои 30% поголема веројатност да бидат со послаб вид? Одберете добар накит, соодветна рамка и внимавајте на шминката. Истакнете ги очите. Ќе бидете неодоливи.

Го привлекувате фокусот на себе

Можеби сте една од оние која со својот изглед и уникатен стил сака да одвои од масата на луѓе. Тоа навистина може да изгледа секси, особено кога веќе знаете што ви стои совршено на вас. Поиграјте се со вашиот аутфит бидејќи очилата навистина даваат посебен шмек на целиот стајлинг. Еден ден можете да бидете фатална “мачка” во центарот на вниманието, додека утредента вистинска бизнис-жена со промена на вашата рамка.