Облечете се како милионерки | Trendseteri
Menu

Облечете се како милионерки

Со овие трикови ќе изгледате луксузно и префинето


Голем број на жени прават грешки во облекувањето се со цел да изгледаат “скапо”.  Дури и најевтината гардероба може да изгледа скапоцено доколку се комбинира и носи на вистински начин!

 

1. Со животинскиот принт обично се прават најголемите грешки. Затоа, избегнувајте парчиња облека кои во целост се прекриени со животински принт. Комбинирајте само некои детали, како чизми, марама или шал.

2. Кога е црната боја во прашање, водете сметка да не делува бледо и испрано.

 

3. Фустани или блузи со премногу отворено деколте можат да изгледаат прилично вулгарно. Во овој случај, помалку е повеќе. Не треба премногу да откривате.

 

4. Високите потпетици се секогаш добар избор, но никако оние највисоките. Класичните салонки се резервирани за дамите.

5. Облеката со погрешна величина е исто така еден од најголемите грешки. Значи, ниту претесна, ниту многу широка (да не делува како да сте позајмиле нечиј капут)

6. Заборавете на маици со огромен натпис на некој познат бренд доколку не се оригинал. Обичната бела маица во комбинација со фармерки или панталони ќе изгледа многу поелегантно.

7. Кога се боите во прашање, избегнувајте ги неонските. Маслинасто зелената, тегет или бордо се секогаш подобра опција.

8. Големите ѓердани, алки или обетки можеби се во тренд, но дамите ретко кога ги носат. Едноставниот накит е полн погодок.

9. Чантата е еден од најважните детали. Секогаш одберете ја онаа со јасно дефиниран облик.

10. Со сандали никогаш не се носат чорапи, запомнете го тоа. Бидејќи трендовите се едно, а добриот и луксузен стил се сосема друго.