За сите љубителки на обувките на Louboutin. Пристигна новата колекција за оваа пролет
Доколку сте страсни љубителки на овој бренд, секако нема да бидете разочарани! Колекцијата е веќе достапна, а во понудата можеме да забележиме секси чизми, салонки, сандали, кратки чизми итн.
Судејќи според изгледот на новата колекција, ова е дефинитивно година на класичната салонка. Обувките се украсени со шик ременчиња и кристали, а секоја жена што носи чевли со препознатливиот црвен ѓон, ќе се чувствува во нив вамп и секси.
Откријте кои се моделите кои на прв поглед нè воодушевија.