Новите Џејмс Бонд очила за сонце | Trendseteri
Menu

Новите Џејмс Бонд очила за сонце

Очилата кои ја имаат главната улога во “No Time To Die”

 

Barton Perreira успешно ја лансираше новата лимитирана 007 колекција на очила за сонце кои ја имаат главната улога во новиот Џејмс Бонд филм, “No Time To Die” кој ќе се емитува следната година.

Колекцијата се состои од три модели на очила дизајнирани од стручниот тим на овој бренд на чело со дизајнерот Suttirat Anne Larlarb. Урбани модели кои се инспирирани од самиот стил на Даниел Крег во Џејмс Бонд филмовите.

“Бартон Переира се идентивикува со тоа што Џејмс Бонд го претставува – стил, иновација, дизајн, чувство за квалитет, луксуз, и ние сме горди што го гледаме него со нашите очила” – вели Пати Переира, коосновачот и дизајнер на овој бренд.