Новата гламурозна колекција на модниот гуру Златко Јовановски | Trendseteri
Menu

Новата гламурозна колекција на модниот гуру Златко JZJ


Ремек дело создадено од рацете на најуспешниот дизајнер во Македонија, Златко Јовановски

 

Кога е модата во прашање, нашиот Златко Јовановски е вистински гениј од кого можат да учат голем број млади дизајнери. Дури и оние со искуство се поклонуваат пред модниот гуру со неверојатни идеи и чувство за стил.

Златко ЈЗЈ ја претстави својата нова колекција на гламурозни фустани со фотосесија, каде главната улога ја имаа прекрасните модели Илариа Кирилов и Калтрина. Секоја од неговите креации е рачна изработка со многу детали, наменета за дами со префинет стил.

За фановите на Трендсетери и неговите обожаватели, Златко изјави следно:

Јас покрај тоа што сум дизајнер и креативец истовремено сум и воркахолик, па затоа времето поминато дома односно во карантин немаше да влијае добро на мене доколку по цел ден дремев со серии и скролав по социјалните мрежи. Затоа ги засукав ракавите на мојот пењоар и по дома со шоља јако кафе и погласна музика од вообичаено, се фатив за работа. Како и што се гледа по сликите, креациите се работени со многу детали, но тоа мене не ме умори, напротив ми претставуваше задоволство и ме релаксираше.
Јас како лав во хороскоп и како крал на светкавото и сјајното (хаха) морав првата реченица  да ја почнам со “Јас”, но исто така сакам да кажам и огромно “Благодарам” за тимот кој ја направи колекцијата комплетна. Односно, по финиширањето на фустаните имав замисла да ги сликам во златен, раскошен ентериер и токму таков најдов во моето Тетово- ресторанот за свадби “Голд Планет”. На фотографиите работеше Насер Исмаили, за шминката се погрижи Његач, а фризурите беа на Окатај. Јас како дизајнер можам да замислам и да направам најубави креации но сепак тие за да бидат прикажани во вистинско светло ми помогнаа и моделите Калтрина и Иларија и ми е особено драго што уживаа додека ги носеа креациите и позираа во нив.

Model: Ilaria Kirilov
Photo by: AsNas Photography

Погледнете за што станува збор: