Новата ера на брендот Baby Phat официјално започна | Trendseteri
Menu

Новата ера на брендот Baby Phat официјално започна

Луксузниот бренд Baby Phat на Kimora Lee Simmons повторно се врати во модниот бизнис.

 

Кимора Ли Симонс уште на почетокот на оваа година најави дека повторно ќе започне со својот иконски луксузен бренд и во петокот официјално излезе првата нивна колекција.

Колекцијата се состои од прекрасни парчиња облека како тренерки, спортски јакни, шорцеви, маички кои перфектно одговараат на спортскиот начин на живот и стил.

Официјалниот Инстаграм профил на “Baby Phat” започна со објавување на слики од кампањата во која главни ѕвезди се ќерките на Симонс, Минг Ли (19) и Аоки Ли (17). Откако нејзината компанија беше продадена во 2010 година од нејзиниот поранешен сопруг Расел Симонс, поранешниот супермодел Симонс (44) ја купи Baby Phat оваа година се со цел да го врати брендот на сцената.

Овој бренд пред 20 години претставуваше симбол за гламур чии фанови беа најголемите имиња на светската сцена, како Ријана, Алисија Кејс, Наоми Кемпбел, Бритни Спирс и други.

Целата колекција можете да ја погледнете на нивната официјална веб страница.