Дочекајте ја 2020 година во FOUR со Тамара | Trendseteri
Menu

Дочекајте ја Нова 2020 година во FOUR со Тамара

Забавите на трендсетерите

 

Полека се ближи најлудата ноќ, но сигурно повеќето од вас сеуште немаат одлучено каде ќе ја прослават. Меѓу многуте понуди во градот ние ги одбираме најдобрите, местата каде се забавуваат трендсетерите, кои во текот на деновите што следат ќе ви ги претставиме еден по еден.

Денес ќе почнеме со ресторан “FOUR” во “Парк Хотел & Спа” кој претставува уникатна приказна во Скопје.

Прославете ја Новата 2020 година во едно од најлуксузните ресторани во нашиот главен град, “FOUR”.

За незаборавна и магична вечер, ќе се погрижат македонската ѕвезда Тамара Тодевска и АнтиарТ Бенд и секако тимот на FOUR кој ќе ви понуди врвно кулинарско доживување. FOUR со неговиот урбан и уметнички ентериер зрачи со автентичен дух и ви нуди неповторлив амбиент за дружење и забава. Бидете дел од новогодишната забава со Тамара и започнете ја новата декада со стил.

Погледнете ја целата понуда.

Адреса: улица 1732 број 04, Скопје.

Повеќе информации на corporatesales@phg.com.mk или на 070 354 544 / 070 354 515.