Нов тренд! Луксузен накит за забите | Trendseteri
Menu

Нов тренд! Луксузен накит за забите

Уникатните парчиња на Доли Кохен

 

Ким Кардашијан, Фарел, Бијонсе, Ријана, Џеј Зи, Дрејк, Мадона – ова се само дел од листата на клиенти на дизајнерката Доли Кохен која изработува модни додатоци за заби. Париската дизајнерка за накит се занимава со изработка на златни украси за заби повеќе од шест години, но од неодамна стана мега популарна откако нејзините дела почнаа да ги носат ар ен би дивите Ријана и Бијонсе. Доли исто така е дел од кампањата на Ivy Park x Adidas која изработува украси со логото на овие брендови. 

Но, без разлика на нејзината популарност, оваа дизајнерка не размислува за проширување на нејзиниот бизнис и секое парче го изработува сама, рачна изработка, по желба на клиентите. Користи хром на кој се додава 18 – каратно злато или платина, а со сите клиенти лично се среќава се со цел да ги слушне нивните желби и идеи, да ги види нивните заби пред да земе отисок и да почне со изработка. Доли тврди дека нејзините парчиња се уникатни и дека никогаш не го повторува дизајнот, освен ако тоа лично не го побара клиентот од неа.

Погледнете го нејзиниот профил. Ќе се воодушевите од нејзините дела, а можеби и ќе посакате и вие да имате еден ваков накит на вашите заби.

Инстаграм: Dolly Cohen