Без градник - Нов тренд | Trendseteri
Menu

Без градник – Нов тренд

Ова лето бидете целосно опуштени, градникот веќе не е во мода!


Започна нов тренд. Жените конечно дочекаа да одат без градник, покажувајќи отпор кон стегите и нормите во која било форма, но исто така и чист хедонистички став кон животот и целосно уживање во слободата на движење.

Градникот се носи од 1914 година, но повеќето жени денес одлучија да го отфрлат. Причината е едноставна.

Покомотно е!

На пазарот се појавија многу градници со универзална големина, а и оние достапните во различни големини не се соодветни за сите типови жени. Поради ова, поубавата половина трпи неудобност предизвикана од градникот. Затоа, отфрлајќи го ова парче облека, жените добиваат слобода каква што немале досега.