Нов тренд! Нокти во облик на кармин | Trendseteri
Menu

Нов тренд! Нокти во облик на кармин

Lipstick ноктите се новиот beauty тренд

 

Доколку ве разочара големото враќање во тренд на францускиот маникир бидејќи очекувавте нешто ново и поинтересно, имаме одлична вест за вас.

“Lipstick” ноктите се големиот тренд на кој чекавте! Се работи за тренд кој го иницираше јужнокорејската маникирка Eun Kyung Park, тренд за нокти кој го освои цел Инстаграм.

Наместо заоблени или шпицасти врвови, ноктите се обликуваат накосо и со изгледот потсетуваат на врвот на кармините за усни, од каде го добива и таквото име.

Овој освежувачки тренд отвора многу простор за најразлични креации, а дури и наједноставните нокти во овој облик ќе изгледаат феноменално.