Најжена на 21ви век | Trendseteri
Menu

Најжена на 21ви век

Нина Шерифовска прогласена за „најжена на 21ви век“

Eдна од најуспешните бизнис жени во нашава земја Нина Шерифовска – извршен директор на Парк Резиденс, го доби признанието за „Најжена на 21ви век“ на овогодишното 18то по ред издание на една од најзначајните манифестации која на едно место ги собира најдобрите жени претприемачи од сите области на бизнис и јавниот живот од Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Македонија. На оваа манифестација присуствуваа повеќе од 300 успешни жени од целиот регион кои претставуваат значаен фактор во областа на бизнисот, науката, уметноста, спортот, модата и медиумите, со цел јакнење на претприемачката клима и конкурентност на пазарот, како и потенцијалот на ниво на цела Југоисточна Европа.

„Секогаш велам дека ништо што вреди не се добива лесно, а теоријата која што во мојата кариера се потврдила е дека што по упорно и напорно работите на вашата цел, замисла или сон толку е поубаво и исполнително чувството кога ќе го постинете истото. Ова се потврдува секој ден во мојата работа, со секојдневно достигнување и освојување врвови. Тогаш работата преоѓа во задоволство. Голема чест е да се биде помеѓу сите овие моќни жени кои придонеле многу за развојот на одредени бизниси, а уште поголемо е задоволството што целиот мој труд, внимание и посветеност е препознаен и признат и надвор од нашите граници, односно на регионално ниво.“ – истакна Нина Шерифовска

Целта на овој настан е унапредување на професионалниот развој на учесниците од приватниот и јавниот сектор, нивна афирмација, како и поврзување и промоција на најдобрите претприемачки пракси, компании и општествено одговорно работење. Фокусот се става на оддавање признание не само на претприемачкиот дух и успешните
проекти, туку и оддавање признание на лидерството и мотивацијата која ја пренеле во своите компании, придонесот кон заедницата и кон личниот развој на другите вработени, на тој начин давајќи позитивен пример кој треба да го следат и другите.