Непријатели на рамниот стомак | Trendseteri
Menu

Непријатели на рамниот стомак

Намирници кои навидум изгледаат здраво

 

Ако имате намера да се ослободите од маснотиите на стомакот, постојат многу здрави намирници кои би требало да бидат на вашиот список за пазарење.

Сепак потребно  е да внимавате – имено, постојат “подли” намирници кои навидум изгледаат здраво, но можат да ги зголемат масните наслаги на стомакот, а еве кои се тие: 

  • Житни плочки

Житните плочки не се здрава замена за вистинските чоколадни плочки. Англиските научници откриле дека т.н. енергетски плочки имаат лоши прехранбени вредности. Тие често содржат многу шеќери, па затоа треба да внимавате кога ги купувате истите.

  • Овошни сокови

Кај овошните сокови постои круцијална разлика помеѓу куповните и оние свежо исцедените сокови. Додека свежо цедените сокови содржат само овошни шеќери, куповните сокови содржат и дополнителен шеќер.

  • Сол

Солта речиси секогаш се грижи за вистинскиот вкус на јадењата, но бидете внимателни! Преголемата количина на сол го зголемува крвниот притисок и предизвикува таложење на вода кое може да резултира со неколку килограми плус на вагата. Затоа, избегнувајте многу солени јадења и особено одбегнувајте ги готовите јадења кои содржат најмногу сол.

  • Јогурт

Тука станува збор за различните овошни и полномасни јогурти кои можат да се најдат во секоја продавница. Тие содржат голема количина на индустриски шеќер, а поради високиот удел на лактоза може да предизвикаат надуеност и проблеми со дигестивниот тракт. Консумирајте незасладен природен јогурт или варијанта без лактоза.