Непоразени | Trendseteri
Menu

Непоразени

Македонија со првото место заминува во Вараждин

 

Во третиот меч на Европското првенство (ЕП) во Хрватска, Македонија ремизираше против Германија (25-25) и како прва ќе патува во главната фаза во Вараждин. Овој бод и првите две победи донесоа прво место за нашата репрезентација во групата Ц, која во наредната фаза ќе стартува со три бода.

За МВП на мечот беше избран голманот Ристовски, а најдобри стрелци кај нас беа Талески со шест и Лазаров и Манасков со по пет гола. Кај противникот се истакна Вајнхолд со осум погодоци.