Неодоливи модни комбинации | Trendseteri
Menu

Неодоливи модни комбинации

Стајлинзи како создадени за овој период

 

Оваа есен имаме враќање во мода на многу трендови од 90-те, а трендсетерките ги прифатија со воодушевување. Кафеавите тонови се е понатаму најактуелни кога ќе дојдат студените денови.

Ќе ви претставиме неколку стајлинзи во кои ќе изгледате шик, ќе се чувствувате удобно и што е најважно, добро ќе ве згрејат.

Кој вика дека кафеава и црна не одат заедно? Овој стајлинг е доказ дека оваа комбинација може да биде полн погодок, идеален за дневен или вечерен изглед.

Одлична бизнис комбинација.

За теди капутите веќе пишувавме дека и оваа есен се апсолутен хит. Доколку планирате да си купите вакво парче, гледајте тоа да биде во кафеава боја, бидејќи најлесно се комбинира со останата облека.

Кожните мантили доживеаа големо враќање на модната сцена оваа есен.

Тексас од глава до пети и оваа сезона е ин. Овој стил е тешко да се искомбинира така за да изгледа добро, но овој пример покажува изведба на маестрален начин.

Овој модел на јакна веќе втора година по ред е високо на листата на трендови.

Со џемпер-фустанот нема грешка, тој е секогаш одличен избор. Искомбинирајте го со патики за лежерни варијанти, а за малку поелегантен изглед облечете чизми.