Неочекувани трендови | Trendseteri
Menu

Неочекувани трендови

Вака ќе се облекуваме оваа пролет!

 

Голем е изборот што ќе го имаме од дизајнерите за следната сезона, па така секој ќе може да пронајде нешто што сака. Пролетната сезона е целосно со предимензионирани облици истакнување преку животински бои и впечатливи парчиња облека.

 

Силни впечатливи бои

 

Најмногу ќе се носат портокаловата, белата, жолтата, тиркизната, сината, црвената беж бојата и црната боја.

Мини здолништа

 

Иако на многу дами ова нема да им се допадне, но ултракратките модели на здолништа ќе може често да се видат на улиците оваа пролет.

Светки

 

Оваа пролетна сезона светките ќе се носат и во текот на денот. Колекциите на водечките дизајнери се преполни со ваквите модели.

Враќање на 70-тите

70-тите години се сметаат за едни од најмодерните години, па дури и денес дизајнерите ја црпат својата модна инспирација од тој период. Сакоата што тогаш биле во тренд на голема врата се враќаат на модната сцена.

Плетени чанти

 

Чантите што досега ги среќававме на плажа ќе бидат голем хит оваа пролет.

Предимензионирани ракави

 

Предимензионираните ракави се апсолутен хит што нема да се повлече од модната сцена.

Монохроматски стил

 

Стилизирањето од глава до пети во иста боја е моден хит.

Тропски принт

 

Трендот што потсетува на лето и радост ќе биде во тренд. Цветовите се она што жените најмногу ќе го сакаат.

Фармерки со трегери

 

После неколку години, фармерките во комбинација со трегери се повторно во мода.