Необична Валентајн колекција | Trendseteri
Menu

Необична Валентајн колекција

Само за надворешна употреба, ве молам!

 

Брендот за козметика Lush Cosmetics излезе со необична колекција за Валентајн која вклучува цел асортиман на производи како гел за туширање, купки, барови за масажа и она што најмногу ни го привлече вниманието, сапуни во форма на праска и модар патлиџан.

Сапунот од модар патлиџан содржи освежувачки ноти од самото парче зеленчук во комбинација со масло од лимон и смирувачко масло од дрво.

Што се однесува до праската, сапунот се состои од мешавина од свежа лушпа од праска, масло од грејпфрут и масло од девана, како и ултра хидратантно масло од кокос што ја омекнува и измазнува сувата кожа.

Момци, доколку сакате да ги изненадите вашите сакани дами, производите на Lush се достапни на нивната официјална веб страница.