Немој да се одмаздуваш, само ќе ги извалкаш рацете! | Trendseteri
Menu

Немој да се одмаздуваш, само ќе ги извалкаш рацете!

5 причини зошто силните луѓе оставаат кармата да се погрижи за оние кои ги повредиле


Има луѓе кои мислат дека ќе им олесни ако лично се одмаздат на оние кои нешто им згрешиле, но силните луѓе знаат дека е подобро да остават кармата да си ја заврши работата. Што сееш, тоа ќе жнееш, па така одмаздата не е неопходна и постојат 5 причини зошто е тоа така.
 
1. Многу е поголемо задоволството да гледате како кармата си ја завршува работата
Луѓето кои се одмаздуваат и прават лоши работи, истото ги стасува порано или подоцна. Кога кармата удира, таа не промашува, а удира со еднаква ако не и поголема сила како и личноста која направила лошо.
Кога гледате како сите ѕвезди се наместиле да ве одмаздат е вистинско задоволство.
 
2. Оставете кармата да го направи тоа за вас и зачувајте ги чисти рацете
Многу е важно да ви останат чисти рацете. Одмаздата понекогаш не може да се постигне лесно или пак легално. Меѓутоа, кармата има свои начини. Одмаздата е нечиста работа, но кармата ја чува вашата совест и вашите раце чисти.
 
3. Морате да ги одберете вашите битки
Мудрите луѓе знаат дека не можат да се борат со сиот свет одеднаш, затоа што е контрапродуктивно. Треба да знаете од каде да почнете.
 
4. Ако лично се одмаздувате, последиците можат да бидат фатални
Дури и ако со вашата верзија на одмазда успеете да ги задржите рацете чисти, секогаш постојат последици за вашите постапки. Една од непредвидените последици е самата карма.
 
5. Најдобра одмазда е добар живот
Најдобар начин да се одмаздите на оние кои ви направиле зло е да го живеете вашиот живот на најдобар можен начин.
 
Вашиот успех е најважна работа, а оние кои ви направиле лошо ќе ви завидуваат на вашиот успех и ќе жалат за изгубената можност да имаат дел во него.