Нема ризик кога си млад - Стив Џобс | Trendseteri
Menu

Нема ризик кога си млад – Стив Џобс

Стив Џобс и Стив Вознијак кога ја основале компанијата, немале ништо што да изгубат


Што е живот?

Кога растете и почнувате да созревате другите ви зборуваат каков е светот за живеење, каква е реалноста. Ви зборуваат дека треба да живеете нормално во истиот тој свет, да живеете семеен живот, да се забавувате, да заштедите по некоја паричка, но всушност тоа е многу ограничено мислење за начинот на живот.

Сепак можете малку поинаку да го гледате животот доколку откриете еден едноставен факт, а тоа е дека се што не опкружува, се околу нас што ние го нарекуваме живот е направен од луѓе кои не се ништо поумни од вас. Тоа значи дека можете да направиме некоја промена и со таа промена да влијаете на светот, да направите нешто ваше што ќе можат многу луѓе да го користат, нешто по што ќе останете запаметени.

Затоа многу е важно да се откажете од секојдневното мислење дека животот е колку само да се проживее, и наместо тоа да направите некоја промена, да го подобрите и да оставите свој белег за идните генерации.


Нема ризик кога си млад

Стив Џобс и Стив Вознијак ја основале компанијата Епл во своите дваесетти години и тие тврдат дека немале ништо што да изгубат, бидејќи немале ниту семејство, ниту деца, никакви посебни обврски. Додека од друга страна можеле многу да добијат. И успеале во тоа.

Тие уште тогаш сватиле дека дури и да не успеат, искуството ќе им помогне за нешто друго да направат во иднина. Негов совет е дека никогаш не е касно да почнете од почеток, да почнете свој бизнис но многу е полесно додека сте млади и немате што многу да изгубите.


Вашето време е ограничено…

…Затоа немојте залудно да го трошите, односно да живеете како што сакаат другите.

Не дозволувајте туѓите мислења да ја уништат вашата замисла, вашата визија, вашиот сон кој сакате да го остварите. Имајте храброст да ги слушате своето срце и интуиција, бидејќи тие најдобро знаат што сакате да постигнете во животот.