Нема правда, има Бубамара | Trendseteri
Menu

Нема правда, има Бубамара

23-то издание на Златна Бубамара на 27-ми февруари

 

Радио Буба Мара го обзнани слоганот за престојното 23-то издание на Златна Бубамара на популарноста кој гласи: Нема правда, има Бубамара!

Во пресрет на 23 издание на нашата најпопуларна манифестација, од штабот на Златна Бубамара ни порачуваат:

Драги наши преживеани  граѓани  и доживотни политичари,

Нема правда, има Бубамара!

Имаме милион и пол  причини  да дојдеме и заедно да уживаме  со најголемите  музички, спортски, филмски, театарски и медиумски звезди

Нашиот бројчаник врти напред , а кај некои други од позади

Дојдете со вашите ташни, раситнете ја стотката и се ќе биде ОК!

Во меѓувреме слушајте лажни вести и дишете еколошко гориво..

Рочиштето е закажано во четврток 27. Февруари во Арена Борис Трајковски

Нема правда, нема пара, ама има Бубамара!

 

Билетите ќе бидат пуштени во продажба од наредната недела,преку www.mktickets.mk и на уште едно продажно место за кое ќе има точна информација наредната недела.

Како и секоја година интересот за билети е преголем како и секоја година кога билетите беа продадени за само 45 минути.

Настанот ќе се одржи во Арената БОРИС ТРАЈКОВСКИ  на 27. февруари 2019