Наши сме си | Trendseteri
Menu

Наши сме си

Секој со свои навики

 

Човек се раѓа чист и бел како хартија. Во текот на животот тој стекнува навики, ги гради своите карактеристики, се обликува како различна единка. Но од некои работи кои се прават нема бегање.

Наши сме си…

…Кога ќе седнеш во кафиќ прво ја бараш лозинката за поврзување со интернет, а после порачуваш за пиење.
…Ако додека си на кафе ја виткаш цевката од пијалокот додека зборуваш.
…Ако под масата на јавни места лепиш изџвакана мастика.
…Кога ќе закажиш средба што сигурно нема да се оствари.
…Ако после спиење погледнуваш соновник за толкување на сонетото.
…Ако во хотелот каде што се одмораш се сликаш со секое јадење и секое различно растение.
…Ако не собираш монети кои ти се вратени како кусур.
…Ако последните лажици од супата ги пиеш од чинијата.
…Ако чекаш дванаесет после полноќ за да честиташ роденден на сакана личност.
…Кога ќе дојде пролет, си купуваш очила, се сликаш и ја ставаш на нет.
…Кога ќе видеш мало дете и се сликаш со него.
…Кога извештајот од банкомат го фрлаш во канта.
…Ако истата фотографија ја ставиш на facebook и instagram.
…Aко додека збпруваш на телефон си играш со некој предмет.
…Ако не си исплашил некој силно.
…Од кога ќе си заминат гостите гледаш дали останале омилените твои работи.
…Ако на свадба со нетрпение ја чекаш тортата.
…Ако се фотографираш како подготвуваш храна.
…Aко пред испит се прашуваш кои се најпоставувани прашања.
…Ако некоја песна не ја пееш на погрешен начин.

Д.А. Патникот со закрпени патики