Naomi & Yamamay | Trendseteri
Menu

Naomi & Yamamay

Фатална заводливост – Наоми Кемпбел во новата колекција на Yamamay

 

Наоми Кемпбел ја претстави новата колекција на Yamamay, парчиња облека дизајнирани да истакнат фатална заводливост. Во колекцијата есен/зима 2016, Yamamay претстави елегантна “IamNaomiCampbell” лимитирана колекција со потпис на модната икона “Црн пантер”.

Витката и заводлива фигура на Наоми Кемпбел и искусното око на најпознатиот моден фотограф на денешницата, Марија Тестина, совршено го претставуваат сексабилот на италијанскиот бренд за долна облека. Деталите и материјалите се главни адути на оваа посебна колекција, а црната боја со својот шарм совршено ја прикажува целата модна приказна.

Fairy Tale моделите се вистинска експлозија со црни прозирни чипки, додека артиклите од Sculptural линијата се совршен пример на модната авангарда благодарение на хајтек материјалите и прецизните кроеви кои перфектно стојат на тело.