Црниот Пантер ја затвори ревијата на Валентино во нејзин стил
По 14 години пауза, оваа модна икона се врати на пистата и тоа со стил што доликува на неа. Ја затвори ревијата на Валентино во елегантен свечен, фустан со пуф-ракави и проѕирен горен дел. Фустанот е креација на Пиерпаоло Пициоли, а оваа безвременска девојка од насловните страници последен пат за оваа модна куќа настапуваше уште додека самиот Валентино Гаравани беше креативен директор.
Манекенката покажа како и со 48 години изгледа фантастично и во потполност ја заслужува својата титула Кралица на сексапилот и модните писти.

Photo: Pascal Le Segretain