Британскиот супер модел Наоми Кампбел
Британскиот супер модел Наоми Кампбел или Црниот пантер како што ја нарекуваат во светот на модата повеќе од 25 години е број еден на модните писти. Наоми модната кариера ја започнала на 15 годишна возраст, а денес оваа 45 годишна модна икона е една од најплатените светски топ модели. Досега има сликано реклами за најпрестижните модни куќи, безброј едиторијали за светски магазини.
Светот ќе ја запамети по видео клипот на поп иконата Мајкл Џексон за песната “In the closet“. Ангелот на брендот Викторија Сикрет денес тежи милиони. Таблоидите ја поврзуваат со многу познати тајкуни и мултимилионери, како рускиот нафташ Владислав Доронин со кого е во врска веќе неколку години.