Се одрекуваат од многу работи само за убавината
Се вбројуваат во најубавите жени на светот, кои со изгледот предизвикуваат бранови воздишки, но тие за убавината доста се одрекуваат и работат, а дали е ова превисока цена?
Преубавата Cindy Crawford
Таа редовно тренира 20 години, секоја вечер доволно спие, не пуши и никогаш во кревет не оди со шминка на лицето, а од дома без исклучок излегува со крема со заштитен фактор.
Кажува дека резултатите од негата во триесеттите години ги видела во своите четириесетти и педесетти. Нејзиниот трик е во тоа да пред миење на косата става хидратантна маска. Синди има војнички режим на нега, но трудот и се исплател.
Hally Berry
Hally Berry тренира како професионалец, некогаш и по 3 часа дневно,а држи строг начин на исхрана.
Elizabeth Hurley
Elizabeth Hurley ги следи советите на Joan Collins кои се сведат на тоа да секаде низ куќата има распоредено хидратантни креми и креми за пределот околу очите. Така што кога ќе помине поред нив да нанесе и на лицето. Ги става и кога е во автомобил, кога работи на бирото…
Helena Christensen
Понекогаш ве мрзи на лицето да ставите крема, е па Helena не знае за тоа чувство. Она секојдневно на лицето става лосион за лице, серум и хидратантна крема. И тоа не е сè, додека чисти низ дома на лицето става хидратантна маска. Негата пред сè, е нејзиното мото.
Gwyneth Paltrow
Gwyneth секоја вечер издвојува половина час за солена купка која и помага да се ослободи од стресот, а знае дека стресот е голем непријател на убавината.
Miranda Kerr
Miranda Kerr води сметка за секој дел од своето тело, па скоро секој ден прави различни пилинзи, тренира каде и да стигне и не ја мрзи секојдневно да си подготвува зелен цеден сок од краставици, целер, лимон, кељ и алое вера.
Adriana Lima
Се воодушевувате на затегнатото тело на Adriana Lima, но таа тренира на највисоко ниво.
„Сакам интензивен тренинг, сакам добро да се испотам, сакам да скокам на јаже.“ Тоа е прекрасна работа затоа што не одзема место и можете да го користите каде и да посакате. Нејзиниот тренинг е обично 10 минути минимум скокање на јаже и 35 минути трчање. Понекогаш се случува да скока на јаже и по еден час кажува убавата Лима.
Дали сè ова би го правеле за убавина???