Најубавити славни жени на светот за 2019-та година | Trendseteri
Menu

Најубавити славни жени на светот за 2019-та година

Овие актерки владеат на топ листите за убавина


На оваа листа се наоѓаат актерки кои сите сме ги забележале барем еднаш на телевизиските екрани. Повеќето од нив се долги години во светот на актерството, а оправдано е нивното прогласување за најубави славни жени за оваа година. Покрај тоа што се талентирани тие се вистински убавици.


Меган Фокс

Меган Фокс, американската актерка и фотомодел, е родена на 6 мај 1986 година. Меган се прославила со филмот „Трансформери“ (Transformers), а потоа заблескува во репризни улоги, помеѓу кои се и филмови за нинџа желките (Teenage Mutant Ninja Turtles). Таа има имиџ на секс симбол на денешницата.


Кејт Аптон

Родена е на 10 јуни 1992 година. Насловните на списанијата ја направија Кејт Аптон планетарно позната. Посебно се прославила со позирање за култен магазин, а се појавила и во повеќе холивудски филмови.


Шарлиз Терон

Родена на 7 август 1975 година, американската актерка со јужноафриканско потекло која исто така е и продуцент на филмови, заслужено се наоѓа на оваа листа. Шарлиз е добитничка на Оскар, Златен глобус и Сребрена мечка, а Оскарот го добила за улогата во филмот „Монструм“.


Блејк Лајвли

Оваа американска актерка и модел е родена на 25 август 1987 година. Блејк се прослави со улогата во серијата „Озборувачка“ (Gossip Girl), но својата армија на обожаватели ја стекна на социјалните мрежи. Мажењето за актерот Рајан Рејнолдс ѝ донесе дополнителна слава, а имиџот на славна домаќинка го гради со тврдењата дека знае да готви извонредно.


Скарлет Јохансон

Таа е родена на 22 ноември 1984 година и е американска актерка и пејачка. Скарлет веќе со години е меѓу најдобро платените актерки во светот, а се прославила со филмовите „Девојката со бисерна обетка“ (Girl with a Pearl Earring) и „Изгубени во преводот“ (Lost in Translation), за кои е номинирана за наградата Златен глобус. За улогата во вториот филм таа ја освоила наградата БАФТА за најдобра актерка.


Џесика Бил

Родена е на 3 март 1982 година. Џесика на 15 години ја добила нејзината прва голема награда благодарение на улогата во филмот „Јулиевото злато“ (Ulee’s Gold). После неколку филмови, со улогата во ТВ серијата „Грешници“ (The Sinner) освоила номинација за Златен глобус. Џесика ја продуцирала оваа популарна серија што се емитува на Нетфликс.


Мила Кунис

Оваа американска актерка е родена во Украина на 14 август 1983 година. Кунис се прославила со улогата во филмот „Црн лебед“ (Black Swan) за кој ја добила наградата Марчело Мастројани за најдобра млада актерка, а номинирана била и за наградите САГ и Златен глобус. Глуми и во романтичната комедија „Пријатели со привилегии“ (Fiends with Benefits), „Тед“ (Ted), „Злобната вештерка од Запад“ (Oz the Great and Powerful) и „Опасни мајки“ (Bad Moms).


Кристен Бел

Оваа актерка и пејачка е родена на 18 јули 1980 година. Кристен своето прво деби го направила на Бродвеј, а вниманието на критичарите го освоила со главната улога во ТВ серијата „Вероника Марс“ (Veronica Mars). Светска слава стекнува со филмовите „Опасни мајки“ (Bad Moms) и „Опасните мајки слават Божиќ“ (A Bad Moms Christmas), но планетарно е популарна како глас кој стои зад ликот на принцезата Ана во Дизниевиот филм „Снежното кралство“ (Frozen).


Кејт Бекинсејл

Кејт Бекинсејл е англиска актерка, родена на 26 јули 1973 година. Таа се прославила со улогите кои ги остварила во американските филмови „Перл Харбор“ (Pearl Harbor), „Среќна случајност“ (Serendipity) и „Типтоус“ (Tiptoes), а од 2004-та година гради кариера во акциони филмови.


Натали Портман

Натали Портамн е родена на 9 јуни 1981 година и е израелско-американска актерка. Натали е добитничка на Оскар за филмот „Црн лебед“ (Black Swan) и два Златни глобуси за „Црн лебед“ и филмот „Поблиску“ (Closer). Се прославила со улогата на малата Матилда во филмот „Леон: Професионалецот“ (Léon: The Professional) и била најмлад член на жирито на Канскиот фестивал на сите времиња.