Џемпери кои ќе ве освојат со својот изглед…
Доколку имате Инстаграм, тогаш сигурно сте ги забележале. Социјалните мрежи се преплавени со шарени, дебели џемпери со драматични ракави и впечатливи топчиња, а ги носат сите модни блогерки и трендсетерки.
Моделите во нежно розова боја одлично им прилегаат на русокосите девојки, но колекцијата на овој бренд вклучува џемпери и кардигани во цела палета бои.
Широкиот, голем крој во оваа сезона е и тоа како популарен, а овие џемпери се совршена замена за јакните за премин на сезоната, како и одличен дополнителен слој за студените зимски денови.
Зад овој Инстаграм тренд стои грчкиот бренд „Mum’s Handmade“ кој својата слава ја стекна токму со овие впечатливи плетива кои се, како што и самото име на брендот кажува, изработени рачно и тоа по нарачка, па токму затоа секој примерок од овој џемпер е всушност уникатен.
А, токму заради сето наведено, овие џемпери не се за сечиј џеб, бидејќи чинат над 200 евра и се продаваат на онлајн продавницата на брендот.
Големите, широки џемпери уште минатата година беа застапени на модната сцена, па затоа е време да се потсетиме на доминацијата на овие модели.