Најскапите фустани во историјата на Оскарите | Trendseteri
Menu

Најскапите фустани во историјата на Оскарите

Холивудските дами кои изгледаат како милион долари!

 

Кога ќе ги погледнете цените на овие тоалети, ќе ви се заврти во главата.

 

Џенифер Лоренс (2013) – Фустан од Диор во вредност од 4 милиони долари

 

Многумина се сеќаваме на моментот кога актерката се сопна и падна додека се качуваше да ја земе златната статуетка за најдобра актерка.

Балската тоалета што Џенифер Лоренс ја носеше во таа прилика е воедно и најскапата во историјата на доделувањето на Оскарите.

Кејт Бланшет (2007) – Фустан од Армани во вредност од 200.000 долари

 

Славниот италијански дизајнер Џорџо Армани на оваа тоалета работел неколку недели, бидејќи сите Сваровски кристали на неа се рачно шиени. Неговиот труд дефинитивно се исплатил бидејќи актерката блескаше на црвениот тепих.

Лупита Њонго (2015) – Фустан од Келвин Клајн во вредност од 150.000 долари

 

После големата церемонија на Оскарите, оваа тоалета беше украдена од нејзината хотелска соба, но после неколку дена и беше вратена назад. Крадците дојавија дека бисерите на фустанот се лажни, но од модната куќа Келвин Клајн потврдија дека сите 6000 бисери се вистински.

Кејт Винслет (2007) – Фустан од Валентино во вредност од 100.000 долари

 

Ѕвездата на култниот филм Титаник носеше едноставна, но чудотворна и елегантна креација, и беше една од најдобро облечените на вечерта.

Интересен е фактот што за нејзиниот избор ја наговорила нејзината ќеркичка Миа Хонеј Триплетон.

Шарлиз Терон (2013) – Фустан од Диор во вредност од 100.000 долари

 

Јужноафриканската убавица воопшто не штедела на својот стајлинг за доделувањето на Оскарите во 2013 година. Со скапата тоалета искомбинирала и дијамантски ракавици во вредност од 4.5 милиони долари.

Џесика Бил (2014) – Фустан од Шанел во вредност од 100.000 долари

 

Убавата актерка во овој фустан изгледаше како жена од милион долари.

Сандра Булок (2014) – Фустан од Александар Меквин во вредност од 40.000 долари

 

За крај, уште едно потсетување дека едноставното најчесто е најдобро. Освен што се најде на листата на најскапи изданија на Оскарите, оваа креација на Сандра и обезбеди место на бројни листи за најубави изданија на оваа престижна манифестација.