Ова се најскапите часовници во светот
Престижот да се носи уникатен и многу скап часовник е луксуз достапен само за најбогатите. Некои од овие часовници достигнуваат цени и до повеќе милиони долари. Високата цена е поради благородните материјали што се користат или поради тоа што содржат скапоцени камења. Најскапиот од нив е изработен од дијаманти, а е продаден за 55 милиони долари.
Во продолжение ви прикажуваме како изгледаат некои од најскапите примероци…
- Graff Diamonds Hallucination, 55 милиони долари. Ремек дело од 110 карати на обоени дијаманти направени врз основа од платина.
- Graff Diamonds The Fascination, 40 милиони долари. Овој луксузен часовник се состои од 152,96 карати на бели дијаманти, централниот дел е во облик на круша и содржи 38,13 карати.
- Breguet Marie-Antoinette Grande Complication, џебен часовник, 30милиони долари. Овој часовник е изработен од страна на наводниот љубовник на француската кралица Марија Антоанета, во 1782 година.
- Chopard 201-каратен часовник, 25 милиони долари. Се состои од 15-каратен розов дијамант, 12 каратен син дијамант, 11 каратен бел дијамант, како и уште 163 карати жолти и бели дијаманти.
- Patek Philippe Henry Graves Supercomplication, 24 милиони долари. Овој часовник вклучува фунции како вечен календар, изгрејсонце и зајдисонце, небесна шема врз основа на небото во Њујорк.
- Jacob & Co. Billionaire Watch, 18 милиони долари. Содржи 260 карати на emerald-cut дијаманти и стилска основа во форма на скелет.
- Patek Philippe Ref. 1518 од неарѓосувачки челик, 11 милиони долари. Направени се само 4 парчиња од овој луксузен часовник и за разлика од повеќето Патек Филип часовници кои се изработени од жолто или розево злато, овој часовник е направен од неарѓосувачки челик.
- Hublot Big Bang, 5 милиони долари. Содржи 1.280 дијаманти.
- Louis Moinet Meteoris, 4.6 милиони долари. Овој часовник е направен од астероид, метеорид и антички метеорити кои не се достапни на земјава. Познат е под името вселенски часовник.
- Breguet Antique Number 2667, 4.5 милиони долари.