Какви машини – Вртоглави суми за најретките автомобили на светот
Некои од највредните и најегзотичните автомобили во светот се најдоа на аукција последниве години. Можат да се набројат на прсти, а од сопствениците извлекоа десетици милиони долари. Во минатиот месец две најпрестижни аукциски куќи во Калифорнија остварија заедничка продажба од 275 милиони долари.
Најскапиот американски автомобил продаден на аукција е „Duesenberg SSJ“ од 1935 година, кој минатиот месец се продаде за 22 милиони долари, додека пак светски рекордер е „Ferrari 250 GTO“ од 1962 година, кој е продаден истата недела во „Sotheby’s“ по неверојатна цена.
Погледнете детално кои 12 автомобили достигнале највисока цена на аукции. Сумите се вртоглави!
12. Jaguar D-Type од 1955
Има два битни фактори кои ги прави автомобилите вредни. Едниот е реткостана автомобилот, а другиот, кои успеси можел да ги прослави. Кај овој модел на Jaguar D-Type од 1955 година се токму успесите тие кои го прават толку скапоценет. Со три побетнички титули по ред на 24 часовната трка на LE Mans од 1955 до 1957 година, Jaguar D-Type и во денешницава се нарекува кралот на Le Mans. Ова возило постигна во 2016 година на аукција во аукциската куќа Sotheby’s – Monterey цена од 21,8 милиони долари. Доколку мислите дека се тоа многу пари за еден автомобил, погледнете ги другите 11 со вртоглави суми