Најдобрите цитати на Дензел Вашингтон | Trendseteri
Menu

Најдобрите цитати на Дензел Вашингтон

“Шансите кои ќе ги искористите, луѓето кои ќе ги запознаете, луѓето што ги сакате, вербата која ја имате. Тоа е она што ќе ве дефинира како личност”.

 

Дензел Вашингтон, актер, режисер и продуцент е еден од најпознатите американски личности во светската филмска индустрија. Вашингтон има зад себе врвни филмски достигнувања, има добиено два Златни Глобуси за “Hurrycanе” и “Glory”, една Тони награда за “Fences”. Исто така има добиено и два Оскари, еден за споредна машка улога во “Glory” (1989 година) еден за најдобра машка главна улога во “Training Day” (2001) година. Тој исто така е познат како мотивациски говорник, па во пресрет на тоа ви ги претставуваме неговите најпознати цитати.

 

“За да го добиете тоа што никогаш не сте го имале, морате да го направите тоа што никогаш не сте го направиле”.

 

“Замисли дека си во смртна постела, и околу твојата смртна постела стојат духови на твоите потенцијали, духови на идеи кои никогаш не си ги остварил, духови на таленти кои никогаш не си ги искористил. Духови кои се лути и разочарани. Духови кои ти велат: “Ние дојдовме кај тебе бидејќи ти можеше да ни донесеш живот. А сега мораме да одиме заедно со тебе во гроб”. И денес јас ве прашувам вас: Колку духови ќе има околу твојот кревет кога ќе ти заврши времето на овој свет”?

 

“Не е важно колку имате, туку што ќе направите со тоа што го имате”.

 

“Среќата е шанса што ви ја нуди животот за која вие мора да сте подготвени да ја зграпчите”.

 

“Успех? Не знам што значи тој збор. Среќен сум. Но успехот, тоа се сведува на она што значи успехот во нечии очи. За мене успехот е внатрешен мир. Тоа е добар ден за мене”.

 

“Доколку немате неуспеси, вие не се ни обидувате да направите нешто”.

 

“Никогаш не се вртите назад, дајте се од себе, и кога ќе доживеете неуспеси, продолжите да чекорите напред. Продолжите да чекорите напред”.

 

“Шансите кои ќе ги искористите, луѓето кои ќе ги запознаете, луѓето што ги сакате, вербата која ја имате. Тоа е она што ќе ве дефинира како личност”.

“Доколку имате непријатели, тогаш дознајте се за нив. Не само да бидете лути на нив”.

 

“Само еден живот имате. Направете го тоа за што имате страст да го правите. И бидете најдобри во тоа”.

 

“Не се плашете дали ќе успеете или не, не се плашете да сонувате за нешто големо. Но запомнете: Сонот без цел е само сон”.

 

“Ако правите многу работи, не значи дека ќе завршите многу работи. Немој да споредувате движење со прогрес”.

 

“Немојте да целите кон тоа да живеете, целите кон тоа да направите разлика во светот во кој живеете”.

 

“Зошто ги затвораме очите кога се молиме, плачеме, бакнуваме или спиеме? Бидејќи најдобрите нешта во животот не можат да се видат. Тие можат само да се почувствуваат со нашето срце”.