Ова е најдобрата книга што треба да ја прочитате | Trendseteri
Menu

Ова е најдобрата книга што треба да ја прочитате

Која е најдобрата книга што треба да ја прочитате?


Многумина често го поставуваат ова прашање: „Која е најдобрата книга што треба да ја прочитам“? Одговорот на ова прашање можеби ќе ве изненади, бидејќи не се работи за некоја посебна книга. Апсолутно најдобрата книга која треба да ја прочитате е таа што ќе ви го реши проблемот што моментално ве мачи.

Ако сакате да го изгубите вишокот на килограми, побарајте ги книгите во кои пишува за оваа тема. Ако сакате да станете претприемач, побарајте ги најдобрите бизнис книги за претприемништво. Или можеби сакате да бидете попродуктивни? Прочитајте книги за продуктивноста. Пронајдете ги книгите, прегледајте ги оценките од читателите и одберете ги оние најдобрите. Читајте ги книгите кои ќе ви помогнат да си ги решите проблемите. Кога читате нешто што ќе ви помогне за да ги решите моменталните проблеми што ве мачат, многу подобро и побрзо ќе го запамтите сето тоа бидејќи ќе можете уште веднаш да го примените во пракса. А праксата е најдобриот начин за учење.

Запомнете, премногу читање не е исто така добро. Бидејќи ќе ви одземе многу време и тоа ќе ве спречи да ги примените работите во пракса. Ќе ви се случи парализа од претерана анализа. Ова можеме да го споредиме и со храната. Доколку премногу јадете, ќе се прејадете и така нема да можете да ги искористите сите витамини кои сте ги внесле во телото. Од друга страна доколку го читате само тоа што ви е потребно, поголеми се шансите дека ќе ги запомните сите корисни информации и ќе имате доволно време да ги примените во пракса.