Најатрактивната и најпосакуваната ТВ водителка во Македонија – Јелена Спенџарска | Trendseteri
Menu

Најатрактивната и најпосакуваната ТВ водителка во Македонија – Јелена Спенџарска

Најатрактивната и најпосакуваната ТВ водителка во Македонија – Јелена Спенџарска

 

Таа важи за најзгодната, најсекси и најубавата ТВ водителка и хостеса во Македонија. Ја гледаме секое утро на утринската програма на Канал 5 телевизија и во нејзино друштво го пиеме првото кафе. Убава, шармантна, сексипилна и харизматична, секогаш тренди, насмеана и позитивна. Да, тоа е Јелена Спенџарска. Нејзината енергија го прави секое утро магично, денот со неа започнува најубаво! 

 

Оваа македонска ТВ водителка е дефинитивно една од најактивните на социјалните мрежи. Имено Јелена Спенџарска секојдневно објавува фотки од својот стајлинг. Овој пат објави фотографии од нејзината нова фризура, која е вистински хит, само за храбри девојки.

Со нејзината витка и убава фигура, долги нозе, секогаш fashion и тренди стајлинг, квалитетни и внимателно одбрани парчиња облека на неа, нема да остави рамнодушен ама баш никого. Мажите и се воодушевуваат, а жените и завидуваат. Затоа заслужено и го даваме епитетот за најпосакувана и најатрактивната телевизиска водителка во Македонија.

И уште нешто, да. Јелена има супер тело, но никогаш нема да ја видите во вулгарни изданија кои откриваат повеќе од што е потребно.