Тибетански начин за воспитување деца | Trendseteri
Menu

Тибетански начин за воспитување деца

Запознајте се со тибетанскиот начин за воспитување деца

 

Ваквите деца стануваат самостални и независни

Родителите би дале се само да знаат која е сигурната формула која би ја примениле за воспитување на сопстеното дете да израсне во добра, сигурна, способна возрасна личност. Таква формула нажалост нема. Но ширум светот има различни методи кои тежнеат кон тоа, а една од нив е Тибетанската.

Мнногу е оригинална, а детето воспитувано на овој начин расте во самосојна и независна личност. Воспитувањето на дете кај мудрите и смирени Тибетанци поделено е во три фази и завршува кога детето ќе наполни 15 години.
Тогаш личноста е веќе формирана, учење веќе нема, а на родителите им преостанува само евентуално да го посоветуваат детето и почитуваат. Во спротивно може и да го напушти домот.

До петтата година детето е крал
Во најраната возраст, до петтиот роденден, Тибетанците кон детето се однесуваат како со крал, односно кралица. Не му бранат ништо и не го казнуваат, а доколку тоа сака да прави нешто што може да е опасно родителите даваат се од себе да изгледаат и звучат исплашено.

На тој начин му се објаснува, затоа што детето разбира емоции и сваќа што сакаат родителите да му кажат.
Прекорување на детето во тој период, ќе ја угуши неговата живост, острина, претпазливост и би го довело до тоа, подоцна лесно да ги прекорува другите,а со тоа и да им биде нивна лесна мета.

 

После петтата година детето е роб
После петтиот роденден настапува голема промена и наместо кралевски детето се третира робовски. Родителите му поставуваат задачи и цели, го контролираат како ги извршува и го учат да биде спремно за последиците, односно за казни ако не ги изврши задачите.

Во овој период не се штедат децата од учење, затоа што се смета дека тогаш се интелектуално силни и дека многу би научиле.
Во спротивно децата би станале размазени, неспособни за работа и учење.

 

После десеттата година детето е возрасен
Тибетанците со децата постари од 10 години разговараат како со возрасна личност и така ги третираат.

За разлика од претходната фаза, кога им бранеа и им наредуваа, сега само ги советуваат како поискусни во животот. Така се формира независното мислење кај детето.
Во спротивно би се спречил тој процес и детето не би научило да има свој став и своје мислење.