На ручек со колегите | Trendseteri
Menu

На ручек со колегите

Лабаво – Тамара, Љубо, Љума, Фејми и Атанас на ручек со Роберт де Ниро, Ал Пачино, ди Каприо, Бред Пит и Тарантино

 

На традиционалниот свечен ручек (OSCARS Nominees Lancheon) кој се организира во чест на номинираните оскаровци, присуствуваше и екипата од „Медена земја“.

Оваа фото галерија од историски фотографии на кои се гледа екипата од „Медена земја“ во друштво со филмскиот и холивудски џет-сет ќе биде, è , наше филмско и културно наследство.

Она што може нескромно да се забележи е дека нашите медени дечки и девојки од која и страна да се погледне припаѓаат во ова друштво. Она што не се гледа, а сите го гледаме, она што на сите ни недостасува, а на медената екипа сигурно најмногу, е – Атиџе. Останува да го почекаме 9 февруари кога цела Македонија ќе остане будна за да ги испратиме медените виртуези и пчеличната дама Атиџе како ќе го украсат црвениот Оскаровски тепих.