На Емили Ратајковски сè и стои совршено | Trendseteri
Menu

На Емили Ратајковски сè и стои совршено

За ваков модел е потребна храброст

 

Манекенката Емили Ратајковски секогаш знае да ги израдува своите обожаватели со фотографии во провокативни изданија. Таа уште еднаш ја покажа својата завидна форма во бел комбинезон и докажа дека секое парче облека и стои совршено.

Комбинезоните се актуелни оваа есен, посебно во бела боја. За ваков модел морате да бидете во навистина добра форма, бидејќи кројот ја прати линијата на телото и ќе ги истакне сите недостатоци, посебно кога е во бела боја.

Меѓутоа Емили нема проблеми со килограмите, па и ваков комбинезон и стои маестрално.