Музеј на сладоледот во Њујорк | Trendseteri
Menu

Музеј на сладоледот во Њујорк

Ѕирнете во музејот на сладоледот

 

 

Новиот музеј на сладоледот во Њујорк ги отвори вратите за посетителите. Балони што се јадат, чоколадна сала, базен со разнобојни украси за јадење, декорации на колачи, дегустација на најразлични видови сладолед се само дел од понудата што Музејот ја нуди на посетителите, чие свечено отварање беше деновиве.

Во музејот се наоѓа чоколадна сала со фонтана со чоколадо, чоколадни зрна, и се разбира, тоа не би бил соодветен музеј за сладолед доколку ја нема и најголемата атракција, базен со разнобојни јадења и декорации на колачи, кој воедно е и најголем од сите музеи до сега.

“MOIC NYC е сон што нашиот тим го развива веќе три години. Над 1.5 милиони гости дојдоа тука и ни дадоа толку многу придонес и инспирација”, изјави ко-основачот и креативен директор Мерилис Бан, додавајќи дека MOIC (Museum of Ice Cream) NYC сака да продолжи да ги поврзува луѓето и да создава моменти на радост преку сладоледите.

Билетите се достапни онлајн за 39 долари.