Ова мора да го има секоја жена во својот плакар | Trendseteri
Menu

Ова мора да го има секоја жена во својот плакар

За безгрешни комбинации секогаш одберете некое од овие парчиња

 

Кога незнаете што да облечете, слободно потпрете се на црната боја! Со неа никогаш нема грешки, колку е озбилна, толку е и елегантна, а може да биде и секси и спортска…

Се зависи како ќе ги вклопите парчињата и со какви детали ќе ги надополните.

Каков и да е вашиот стил, секоја жена треба да има барем по едно од овие парчиња во црна боја, затоа што се вклопуваат со сите трендови кои доаѓаат и поминуваат!

 

Црн капут

Било која комбинација со црниот капут ќе биде комплетна и совршена, небитно дали е елегантна или опуштена.

 

Црна кожена јакна

Моќно вечно парче, кое се вклопува баш со сите стилови.

 

Црни панталони

Тие секогаш спасуваат ситуација. Небитно дали се елегантни, стреч, од тексас или кожни….

Ѕвонарки или широки…

Тие се секогаш полн погодок!

 

Црн џемпер или ролка

Безвременско парче кое со себе носи едноставност, класична елеганција и исто така се комбинира со се.

 

Црна кошула

Кога зборуваме за мода на работа, прва асоцијација е црната кошула!

Освен со одела, одлично оди и со фармерки, здолништа…Баш со се!!!

 

Црна маичка

Едноставна црна маичка е едно од парчињата кое баш секоја жена треба да го има во плакар и тоа неколку.

 

Црн фустан

Омиленото нешто на сите жени, црн фустан! Било да се работи за малиот црн фустан или нешто подолг, поширок или тесен, со него едноставно неможе да згрешите.

 

Црна чанта

Што да се каже освен вечна класика.

 

Црни чизми

Нема ништо потешко од тоа да се одлучите за еден пар црни чизми. Дефинитивно тие се помеѓу најелегантната облека која постои и секоја дама има свој омилен пар.

Небитно дали тоа се рамни црни чизми, до или над колена, со висока потпетица…

Тие едноставно немаат конкуренција!

 

Црни салонки со висока потпетица

Идеални се баш за секоја пригода, дискретни, елегантни но и моќно оружје за секоја дама!