Започна „Movember“ | Trendseteri
Menu

Movember!

Movember – месецот на машкото здравје!

 

15-та година по ред на светско ниво се организира Моември, месецот во кој мажите, со апсолутно потребната поддршка од понежниот пол, на еден прилично ортодоксен, а оригинален начин ја дигаат свеста и собираат средства со цел подобрување на здравјето кај мажите.

Двајца пријатели „Travis Garone и Luke Slattery“ од Австралија пред 14 години во еден неврзан разговор за ретро модата и враќањето на трендовите си поставуваат предизвик да израснат мустаќи цел месец, да најдат луѓе кои ќе го спонзорираат нивниот „потфат“ и тие средства да бидат уплатени на фондации и организации кои работат на пронаоѓање на лек за ракот на простата. Уште две реченици со малку математика, доколку ова ви звучи смешно: во првата година имало само 480 активисти (секој еден од нив познат како „Mo-Bro“, Мо-Бро, брат мустаклија) кои собрале 30.710 американски долари.

Денес се бројат 5,232,625 активисти на Моември (Movember)  кои собрале во 2016 во целиот свет над 600 милиони долари од 2003та година.

 Исто и во Македонија се формира и покрена „Movember“ движење, кое за жал не се оддржа и веќе нема никаква активност.

Повелете линк за официјалната страница на фондацијата Movember

Организаторите на фондацијата „Movember“

Travis Garone и Luke Slattery