Компанијата "Монтенегро" прослави 30 години постоење | Trendseteri
Menu

Компанијата “Монтенегро” прослави 30 години постоење

Успешна семејна приказна…

 

 

Македонската компанија Монтенегро е една од ретките семејни бизниси во Македонија која може да се пофали со 55 години отстојување на пазарот, од кои 30 години во Македонија. Од мал погон за тестенини основан во Црна Гора, Монтенегро сега е успешна компанија, која освен во производството и дистрибуцијата на храна е силно етаблирана и индустријата за мебел.

Основана е во далечната 1963 година во Никшиќ, Црна Гора како семејна компанија на гостиварецот Војин Пејчиноски-Војне кој од родниот гостиварски крај, заминува во Црна Гора да учи занает. После неколкугодишно учење, работа и усовршување во производството на тестенини, одлучува да отвори своја фирма и да ја крсти “Монтенегро”, според името на државата во која тогаш работи и создава егзистенција за своето семејство.

Денес со 4 маркети, салон за мебел и дистрибутивен центар, Монтенегро е најголем приватен вработувач во Гостивар, со вкупно 210 вработени.