Моќни и удобни предлози за бизнис стил | Trendseteri
Menu

Моќни и удобни предлози за бизнис стил

Време е бизнис стилот да стане интересен

 

Добра вест за сите дами е што патиките не се веќе само за во теретана, туку овој моден детал може совршено да се вклопи во бизнис стајлингот и да изгледа моќно и пристојно.

Доколку ги искомбинирате на вистинскиот начин ќе изгледате елегантно исто како и со високите потпетици, а во исто време ќе се чувствувате удобно. Искреирајте го вашиот бизнис стил и подготвени сте за нови предизвици.

Белата кошула и црните пантолони се вистинска класика и незаменлива комбинација во бизнис светот. Едноставна, а во исто време и елегантна. Замената на високите потпетици со патики ќе бидат полн погодок за вас.

Со оваа комбинација ќе изгледате како вистинска трендсетерка подготвена за нови храбри чекори.

Одело и патики, зарем не делува моќно? – Време е бизнис стилот да стане интересен.

Комбинацијата на фустан и патики исто така делува моќно, елегантно и удобно.