Модни трендови кои ќе владеат оваа пролет | Trendseteri
Menu

Модни трендови кои ќе владеат оваа пролет

Главните модни трендови за пролет 2021 година


Доаѓањето на новата годишна доба нè предизвикува да се ослободиме од максимализамот и принципот „што повеќе, тоа подобро“, па да се вратиме на многу едноставни модни парчиња преку кои нашиот стил ќе дојде во прв план.

Обично сме навикнати секоја сезона да се појавуваат нови, понекогаш необични модни трендови кои на почетокот ги прифаќаме со голема претпазливост. Сепак, наредните неколку месеци можеме да се опуштиме, бидејќи наредните месеци ситуацијата ќе биде поинаква.



Цветни принтови

Пролетта неспорно се поврзува со цвеќињата, затоа цветните принтови се прекрасен начин да ја пречекате оваа сезона.



„Голи“ нозе

Со доаѓањето на потоплите месеци нашата облека станува пооскудна. Што има посекси од тоа да покажете убавите нозе со здолниште со длабока шлиц.



Жолта боја

Жолтото ќе биде една од најмодерните бои во идната сезона. Таа е најдобар антидепресив за оние на кои им е доста од студените зимски бои и сонуваат за топлото сонце. Оваа боја е малку специфична, затоа треба добро да ја приспособите на вашиот тен.



Асиметрија

Асиметријата е една од најхрабрите модни трендови. Тоа е вкусот на слободата од конвенционалните форми.



Широки ракави

Силуетите стануваат женствени и слободни.



Метални бои

Многу дизајнери го претставија овој тренд, затоа не се плашете да облечете фустани, здолништа и блузи со кои ќе се рефлектира светот околу вас како од огледало.