Или со логиката…
Ни се допаѓале или не, некои трендови немаат смисла и се поприлично без никаква корист
Да, постојат трендови кои ни се допаѓаат и онакви кои не ги прифаќаме, но има и онакви кои немаат никаква смисла и не ја разбираме поентата на нивното постоење.
Некои од нив и во моментов се моден хит во модната индустрија и девојките ги носат каде и кога и да стигнат, а ние се прашуваме, зоштооо???
Во продолжение ви откриваме 9 тренди парчиња кои нас не ни се јасни.
Прозирен ранец или чанта
Прозирен пластичен ранец дури се наоѓа и во есенската колекција на Зара, а нас баш не ни е јасна поентата. Кога ќе се земе во предвид дека ја откриваат целата содржина на чантата, сигурно дека може да ги привлечеш сите крадци со градот, мораме да признаеме дека функционалноста е вистина нула.
Чизми со отворени прсти
Носиш чизми, но имаат отворени прсти.
За…? Ако веќе носиме чизми, тогаш се подразбира дека сме во ладна сезона и нема причина од нив да направиме сандали. Но нема да верувате колку ваквите модели се популарни!
Елек
Исто како и чизмите со отворени прсти, не ни е јасна нефункционалноста на ова парче. Технички носиш јакна, ама нема ракави. Да бидеме реални, можеш и без него…
Ролка без ракави
Посилна варијанта на јакната без ракави- елек. Веројатно не постои потопла работа од ролка, но во оваа варијанта нема ракави. Можеби естетски изгледа убаво, но не интересира, каде и кога го носиш ова парче?
Крзнени папучи
Крзно на нозете можеби би имало смисла да се најде на било кое парче освен на сандали или уште полошо, на папучи. Функцијата крзно на нозете е непостоечка, а овој тренд веќе од следната година може да биде еден од оние за кој ќе се прашуваме: „кој било кога помислил дека ова е добра идеја?“.
Накит за тело
Најчесто го гледаме летно време со бикини, но не ја разбираме неговата улога. Смета додека пливаш, смета додека додека се сончаш, смета дури и на забава на плажа, затоа што сите се закачуваат на твојот долг ланец околу телото.
Испокинати или бикини со пруги и врвки милион
Да не филозофираме премногу, ова се бикини кои никогаш немале смисла. Уште помалку имаат смисла трагите од сончање на стомакот и грбот…
Прозирни пластични чизми
Сакаш да слушнеш што е најсмешно??? Веќе после 15 минути носење во пластичните чизми се собира кондензирана вода и се прави магла на пластиката…
Знаеме дека Кардашијанките ги носеа константно, но сеедно, бессмислени се.
Комплетно искинати фармерки
Не, тоа не се фармерки искинати само по некаде, ова се целосно искинати фармерки. Освен што немаат смисла, уште се и непривлечни…